Дома Фудбал Познати причините за отказот, Тухел молел за уште една шанса

Познати причините за отказот, Тухел молел за уште една шанса

Одлуката на Челзи да му врачи отказ на Тухел ќе го чини клубот 5 милиони фунти, бидејќи Германецот беше еден од најплатените тренери во Премиер лигата.

Сега медиумите објавуваат дека имало серија на причини кои довеле новиот сопственик да донесе одлука да му врачи отказ на Тухел.

„Телеграф“ пишува дека новиот сопственик на Челзи бил многу заинтересиран да го доведе Кристиано Роналдо, дека неколку пати се обидел да разговара со Тухел на таа тема, но Германецот категорично одбивал ангажман на Португалецот.

Исто така, управата му замери на Тухел дека работи самостојно и не дозволува никој да му се меша во работата, иако беше очигледно дека ја губи контролата во соблекувалната.

„Атлетик“ пишува дека многу играчи изразувале незадоволство од нивниот статус на тренинзите, но исто така истакнале дека не разбираат што точно се бара од нив.

Синоќа после шокантниот пораз од Динамо, сопственикот Тод Боли му се јавил и преку телефон му соопштил дека е отпуштен. Германецот бил изненаден и замолил за уште една шанса, но тоа не му помогнало.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Керик го остави Бруно на клупа по јавните критики за тактиката!

Фернандеш не е стартер против Борнмут, откако ја доведе во прашање тактиката при поразот о…