Дома Фудбал Италија Познати деталите од повредата на Наинголан

Познати деталите од повредата на Наинголан

Најголемото засилување на Интер ова лето, Раџа Наинголан се повреди за време на пријателскиот меч со Сион, а денес станаа познати и деталите од повредата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Интер преку официјално соопштение потврди дека Наинголан има истегнување на бутниот мускул. Од лекарскиот табор на „нероаѕурите“ потврдија дека ќе ја следат состојбата во следните денови.

„Наинголан и Карамо денес поминаа детални лекарски прегледи. Белгиецот има истегнување на бутниот мускул на левата нога, додека Карамо има повреда на десното колено. Состојбата ќе биде под надзор во следните денови“, соопштија од Интер.

Иако од миланскиот клуб не прецизираа колку ќе паузираат двајцата фудбалери, се очекува за две до три недели да се вратат во тренажен процес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Му го запалиле телото, го исекоа на парчиња и го растопија во киселина: „Лумумба“ ги затвори устите и испрати моќна порака (Видео)

Фудбалерите на ДР Конго имаа поддршка од нивниот познат фан, Мишел Мболадинга, кој отпатув…