Дома Топ вести Позната примарната трансфер цел на Милан

Позната примарната трансфер цел на Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан сериозно се приклучил во трката за потписот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио.

Србинот одби да го продолжи договорот со Лацио бидејќи сака трансфер, а неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.

Со оглед на фактот дека Милинковиќ-Савиќ на лето влегува во последната година од договорот Лацио ќе биде приморан да го продаде.

Јувентус и Арсенал веќе подолго време го сакаат Србинот, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Милан.

За „топџиите“ тој не е прв избор, додека Јувентус има финансиски проблеми и најверојатно нема да игра во Лигата на шампиони, па Милан сака да ја искористи шансата.

Трнерот Пиоли одлично го познава СМС од времето кога работеше во Лацио, па Србинот ќе биде примарна цел на „росонерите“ на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…