Дома Трансфер зона Позната иднината на Вилшер: Ништо од Италија, останува во Премиер лигата

Позната иднината на Вилшер: Ништо од Италија, останува во Премиер лигата

Иднината на Џек Вилшер веќе подолго време е главна тема на Островот, особено поради фактот што англискиот репрезентативец ќе биде слободен агент на лето.

Арсенал му понуди нов договор, но Вилшер одби да го потпише бидејќи сака да ја промени средината.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


За него силен интерес покажуваат многу клубови од Премиер лигата и ширум Европа, а последните информации од Островот говорат дека плејмејкерот веќе го одбрал следниот клуб.

Иако имаше понуди од италијанските гиганти Милан и Јувентус, сепак Вилшер ќе остане во Премиер лигата и ќе го облече дресот на Евертон.

„Карамелите“ се во пол-позиција за неговиот потпис бидејќи му нудат најдобри финансиски услови, притоа му понудиле и бонус од 9 милиони евра при самото потпишување на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…