Дома Топ вести Позната главната трансфер цел на Баерн Минхен

Позната главната трансфер цел на Баерн Минхен

Главна трансфер цел на Баерн Минхен на лето ќе биде Душан Влаховиќ, пренесуваат германските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро во Јувентус, наводно играта на тимот воопшто не му одговара и е спремен да ја промени средината.

Јувентус исто така е спремен да слушне понуди бидејќи е во финансиски проблеми после големиот скандал и казната, па најверојатно ќе остане без пласман во Лигата на шампиони.

Баерн нема да штеди пари за да го доведе Влаховиќ и наводно веќе имал средба со неговиот агент, а е спремен да понуди 85 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…