Дома Фудбал Италија Познат степенот на повредата на Киелини

Познат степенот на повредата на Киелини

Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини заработи повреда во вчерашниот натпревар против Порто во Лигата на шампините.

Италијанскиот ветеран го напушти теренот во 35. минута, а на негово место влезе Демирал.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


После денешните прегледи е дијагностицирано дека мускулот на листото не е повреден, но неговата состојба ќе се следи од ден воден.

Најдолгата пауза која би можел да ја има Киелини е две недели.
Јувентус во понеделник игра против Кротоне во натпреварот од 23. коло во Серија А и извесно е дека Пирло нема да може да смета на него.

Ќе потсетиме договорот на Киелини истекува на крајот од сезоната, а тој пропушти добар дел од натпреварите токму поради проблеми со мускулите. Освен Киелини, денес на прегледи беа Родриго Бентакур и Алваро Мората.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Валверде даде ветување: Еве што ќе направи ако ја освои ЛШ

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во сабота од 21 часот ќе го играат финалето на Лигата на ш…