Дома Фудбал Останато Познат првиот фаворит за наследник на Емери

Познат првиот фаворит за наследник на Емери

emery

Унаи Емери доби отказ година ипол откако стана тренер на Арсенал.

Привремено на клупата го наследи Фреди Љумберг. Играчката легенда на „топџиит е“ ќе го води тимот против Норвич во недела, но јасно е дека тој не е трајно решение.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите на Островот пренесуваат дека Нуно Еспирито Санто (45) тренерот на Вулверхемптон е прв избор за нов менаџер. Наводно, директорот на Арсенал Раул Санлехи веќе го контактирал „суперагентот“ Жорге Мендеш кој го застапува Нуно.

Според информации самиот тренер е заинтересиран за клупата на Арсенал, но лондонскиот клуб ќе мора да плати оштета на Вулвс.

Освен Нуно Еспирито Санто со клупата на Арсенал се поврзуваше и поранешниот капитен на овој тим и сегашен помошник на Гвардиола во Манечстер Сити, Микел Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Меси се сврте кон камерата и испрати важна порака🎥

Интер Мајами победи со 3:2 на гостувањето кај Монтреал во меч од МЛС шампионатот и на тој …