Дома Фудбал Погледнете како легендата на Манчестер Јунајтед го прослави победничкиот гол на Реал Мадрид

Погледнете како легендата на Манчестер Јунајтед го прослави победничкиот гол на Реал Мадрид

РИО ФЕРДИНАНД, поранешниот стопер на Манчестер Јунајтед и освојувач на Лигата на шампионите од сезоната 2007/08, а денес стручен коментатор на натпреварите за ТНТ Спортс, воодушевен го пречека победничкиот гол на Реал Мадрид, со кој шпанскиот гигант обезбеди настап во финалето на Лигата на шампионите.

По натпреварот во Минхен, кој заврши 2:2, Реал до 88. минута губеше со 0:1 во реваншот од полуфиналето на натпреварувањето, а потоа со головите на Хоселу направи целосен пресврт, победи со 2:1 и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Пресвртот на крајот го воодушеви Фердинанд. Камерите ја забележаа неговата реакција на победничкиот гол во 91. минута, а потоа и реакцијата по откако ВАР потврди дека голот е регуларен. Легендата на англискиот фудбал и Манчестер Јунајтед скокна од радост и ги прегрна навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти и Реал воодушевени: Ѓулер има неверојатна статистика

Турскиот фудбалер, Арда Ѓулер долго време чекаше вистинска шанса во Реал, но во завршницат…