Вчера Лео Меси и донесе победа на Барселона во дербито со Атлетико Мадрид со прекрасен гол од слободен удар и ги доближи Каталонците до титулата во Примера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За 30-годишниот Аргентинец ова беше специјален гол, бидејќи беше негов 600-ти во професионалната кариера.
539 од нив Меси ги постигна во дресот на Каталонците, а останатите 61 со дресот на аргентинската репрезентација.
Првиот професионален гол Меси го постигна во 2005 година против Албасете, останатото е историја….