Пол Погба сигурно ќе остане во Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, пренесуваат медиумите на Островот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Погба со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот на сезоната, па се појавија шпекулации дека може да биде продаден во јануари.




Челниците на Јунајтед се свесни дека Погба од 1 јануари може да преговара со други клубови, меѓутоа, не размислуваат да го продадат.




Погба нема одиграно натпревар од почетокот на ноември кога го повреди бутниот мускул, но се очекува наскоро да се врати на терените.




Во Јунајтед сепак се надеваат дека до крајот на сезоната ќе го убедат да стави потпис на нов договор, но во моментов мали се шансите за тоа.