Дома Фудбал Англија Погба: Овој трофеј е за загинатите, за целиот Манчестер!

Погба: Овој трофеј е за загинатите, за целиот Манчестер!

Пол Погба синоќа го постигна еден од најзначајните голови во својата кариера и беше еден од најдобрите поединци на теренот, иако се наоѓа во тежок период од животот.

На Французинот пред две недели му почина таткото, па поради тоа доста лично го прими терористичкиот напад во Манчестер каде загинаа 22 луѓе.

„Таквите случувања се шок за целиот свет. Моравме да останеме сконцентрирани и фокусирани, што навистина не беше лесно. Победивме за прекрасниот град Манчестер, додавме се од себе. Игравме за Англија, за сите загинати, игравме за целиот свет“, изјави Погба.

Французинот потоа истакан дека во финалето од Лигата на шампиони ќе навива за Јувентус и дека го очекува својот поранешен клуб во Суперкупот на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сопственикот на Ман Сити може да биде принуден да се раздели со клубот

Сопственикот на Манчестер Сити шеик Мансур може да биде принуден да се раздели со клубот к…