Дома Фудбал Англија Погба: Како изгубивме од Тотенхем? Немам поим!

Погба: Како изгубивме од Тотенхем? Немам поим!

Поразот од 0:3 во понеделникот на Манчестер Јунајтед од Тотенхем и понатаму е главна тема на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На големо англиските медиуми пишуваат за ситуацијата во клубот и позицијата на тренерот Жозе Мурињо.

За поразот од Тотенхем сега зборуваше Пол Погба.

„Бизарно е. Бевме одлични, започнавме добро, а на крајот изгубивме 3:0. Тоа е шокантно“, изјави Погба и потенцираше дека не му е јасно како неговиот тим изгубил.

„Не разбирам како тоа се случи. Започнавме добро, првиот гол беше несреќа. Не ни е јасно, го имавме натпреварот во свои раце. Примвме еден, па уште еден гол, но продолживме да создаваме шанси“, истакна Погба.

„Ние и понатаму сме Манчестер Јунајтед и не се откажуваме толку лесно“, заврши Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона почна правна постапка против Перез!

Барселона почна правна постапка против претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, обв…