Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е без сомнеж најдобриот играч на Палермо и еден од најдобрите поединци во Серија Б.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тоа не поминува незабележано кај големите клубови во Серија А, па италијанските медиуми пренесуваат дека Торино е силно заинтересиран за Македонецот.
Андреа Белоти не е во најдобра форма, па тренерот Михајловиќ бара нов напаѓач, а прв избор е токму Несторовски.
Медиумите тврдат дека Торино наскоро ќе испрати понуда од 7 милиони евра, но прашање е дали тоа ќе ги задоволи апетитите на Палермо.
Несторовски неодамна го продолжи договорот со клубот од Сицилија, и претседателот Зампарини за неговата слобода бара 15 милиони евра.