Дома Македонски спорт Победа се засили со 16-годишен репрезентативец на Нов Зеланд кој ќе игра на Светско првенство

Победа се засили со 16-годишен репрезентативец на Нов Зеланд кој ќе игра на Светско првенство

Тимот на Победа се засили со 16-годишниот Константино Ѓорѓиовски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во редовите на прилепскиот тим Ѓорѓиовски доаѓа од Беласица каде што не се задржа долго. Ѓорѓиовски иако има само 16 години сепак се избори за настап во првиот состав.

Тој веќе настапи на тест натпреварот на Победа против Пелистер каде што добро се покажа и македонскиот второлигаш одлучи да му даде договор и да го вклучи во тимот на Филип Мирчевски.

Ѓорѓиовски го чека настап и на Светското првенство до 17 години со селекцијата на Нов Зеланд за која настапува. Првенството ќе се игра од 10-ти ноември до 2-ри декември оваа година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …