Дома Македонски спорт Мак фудбал Победа на Брегалница против Морнар на стартот од подготовките во Златибор 🎥

Победа на Брегалница против Морнар на стартот од подготовките во Златибор 🎥

Брегалница со победа ги стартуваше подготовките во српскиот туристички центар Златибор за новата сезона во македонскиот шампионат.

Избраниците на Марјан Секуловски на првиот пријателски натпревар на Златибор, триумфираа со 2-0 (1-0) против црногорскиот прволигаш Морнар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сините“ беа далеку подобар тим на теренот во еден вистински натпреварувачки натпревар со жестоки дуели, нервоза на моменти и очигледно силна желба и на двете страни за триумф. На крајот сосема заслужен триумф за Брегалница која до победата дојде со двата погодоци на Андреј Кудијан. На првиот беше стрелец во 20. минута од средбата, а вториот за конечна победа од 2-0 го запиша во 73. минута од натпреварот.

Секуловски шанса на натпреварот им даде буквално на сите расположиви сили.

Следниот тест дуел за „сините“ е на 14. јули против српскиот Графичар кој од клупата е предводен од поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски.

Фото+Видео: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…