Дома Македонски спорт Мак фудбал Победа за Шкендија против уште еден полски тим во Анталија

Победа за Шкендија против уште еден полски тим во Анталија

Актуелниот шампион на Македонија, Шкендија ја запиша и втората победа на зимските подготовки во Анталија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако претходно тетовци славеа со 4:1 против Пјаст Гливице сега Шкендија оствари триумф против уште еден полски тим. Со два гола на Валмир Нафиу и еден на Дашмир Елези Шкендија славеше победа со 3:1 против Варта Познањ.

Со оглед на ефикасноста во првенството Шкендија покажува напредок во офанзивата. На трите контролки до сега постигнаа девет гола и тоа се три гола во просек по натпревар. Ваквата ситуација секако треба да го радува Бруно Акраповиќ.

Фото: ФК Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …