Дома Македонски спорт Мак ракомет Победа за Женската и пораз за Машката репрезентација на отворањето на Медитеранските игри

Победа за Женската и пораз за Машката репрезентација на отворањето на Медитеранските игри

Ракометните селекции на Македонија со половичен учинок го минаа првиот ден од Медитеранските игри. Во натпреварите против соодветните селекции на Турција, најпрво Женската репрезентација оствари победа од 31-26, додека Машкиот состав забележа пораз од 26-29.

Во натпреварот во женска конкуренција, Македонија водеше во целиот негов тек и заслужено стигна до победата. Веќе по 5 минути игра резултатот беше 6-2, а во еден момент во првото полувреме избраничките на Симе Симовски поведоа и со 13-6. Турција успеа во продолжението да намали и на полувреме се замина со 15-11, но нашите репрезентативки во ниту еден момент не дозволија противникот посериозно да се закани со пресврт и со стабилна игра ја задржаа предноста за заслужен триумф од 31-26.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Елена Ѓеорѓијевска и Сара Ристовска со по 7 погодоци беа најпрецизни во нашиот тим, 5 голови додаде Керамичиева, а 4 Саздовска. Во листата на стрелци се запишаа и Гакидова со 3, Милица Николиќ и Душица Ѓорѓиевска со по 2, односно Јовановска со 1 гол. Ракометарките утре се слободни, а следниот меч го играат на 25 јуни против тимот на Србија.

мкд тур

На средбата во машка конкуренција, Турција беше таа која водеше во текот на целиот натпревар, па иако резултатот беше постојано достижен за нашиот тим, избраниците на Роберто Парондо не успеаја да го избегнат поразот. На полувреме Турција водеше со 15-13, а во второто полувреме неколкупати водството се искачуваше и на 4 голови. Во завршницата иако Македонија имаше добра реализација во нападот, Турците исто така беа ефикасни за конечни 29-26.

Кузмановски и Поповски со по 7 голови беа најдобри стрелци во нашиот тим, Велковски додаде 5 гола, а 2 постигна Пешевски. По еднаш реализираа и Чурлевски, Крстевски, Ојлески, Димитриевски и Андоновски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…

Најнови спортски вести