Македонскиот шампион Вардар во последниот натпревар пред дебитантскиот настап во Лигата на Европа запиша победа од 3:1 на домашен терен против тимот на Силекс.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Македонската фудбалска јавност, веројатно и вардарци очекуваа голема поддршка после фантастичните настапи во квалификациите, но македонскиот шампион играше само пред околу стотина гледачи.
Сепак, тоа не им пречеше на избраниците на Чедомир Јаневски да одиграат добар натпревар и да ја запишат втората победа во првенството.
Натпреварот го отвори капитенот Бобан Грнчаров во 19 минута од средбата. До крајот стрелаа уште Тигран Барсегјан во 57 и Глигоров три минути подоцна. Единствениот гол за гостите од Кратово го постигна Милош Џорџевиќ.
Вреди да се истакне и дека голманот на црвено-црните, Гачевски одбрани пенал во 76 минута од средбата.
Да потсетиме, Вардар во четврток го очекува првиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа и тоа против руски Зенит, натпревар кој ќе се игра на Арената „Филип Втори“ со почеток во 21:05 часот.