Тимот на Силекс денес го одигра реваншот против Петрокуб и беше елиминиран со гол во последните секунди од натпреварот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бункерот на кратовци издржа се до 96. минута кога Михаил Платица ја погоди мрежата на Божиновски.
Силекс беше ориентиран на одбрана и ретко го минуваше центарот на теренот, Петрокуб напаѓаше, меѓутоа без некој посериозни прилики. Колку се играше пред половината на Силекс покажуваат и 17. корнери кои ги изведоа домаќините.
Токму после еден корнер Платица ја погоди мрежата.
Ќе потсетиме во Скопје натпреварот заврши 1:1, а стрелец за Петрокуб и во тој дуел беше Платица.