Дома Фудбал Италија Пирло: Одлуката да се игра мечот со Наполи не е фер

Пирло: Одлуката да се игра мечот со Наполи не е фер

Tренерот на Јувентус, Андреа Пирло ја прокоментира одлуката на Италијанскиот олимписки комитет да се поништи нивната службена победа против Наполи и мечот дополнително да се одигра.

Вчера не беше ден на Јувентус. Прво прифатена беше третата жалба на Наполи, а потоа Фиорентина го надигра италијанскиот шампион и среде Торино славеше со 0:3. Ова значи дека Јувентус во еден ден изгуби шест бода, сепак тие три од дуелот со Наполи можат да си ги вратат ако победат кога мечот ќе се одигра. Датум се уште нема.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Пирло истакна дека тимови во полоша состојба од Наполи играа натпревари.

„Не е проблем за нас што ќе играме против Наполи. Разочаран сум што тимови кои имаа поголеми проблеми со Ковид-19 играа и кога им отсуствуваа повеќе играчи. Не зборувам дали одлуката е правилна или не, но не е фер кон клубовите кои си ги играа своите натпревари“, изјави Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хрватите ќе се молат за Мундијалот: Модриќ сезоната во Милан ја заврши!

Од Милано пристигнуваат вознемирувачки вести за Хрватите за повредата на Лука Модриќ. Капи…