Главниот спонзор на Интер, компанијата „Пирели“ може да му помогне на „нероаѕурите“ да доколку клубот има амбиции да го купи Лионел Меси.
Аргентинската суперѕвезда има една година до крајот на неговиот договор и веќе почна да се шпекулира дека Меси може да ја напушти Барселона.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Еден од клубовите за кои се шпекулира дека е сериозен во намерите да го купат аргентинскиот виртуоз е Интер. „Нероазурите“ побараа помош од „Пирели“, слично на помошта што ја пружи автомобилскиот гигант „Фиат“ пред една година во договор за купување на Кристиано Роналдо од Јувентус.
Сепак, шефот на компанијата сподели дека пандемијата на коронавирус значително ги ограничила можностите за финансиска поддршка.
„Искрено, во време како ова, немаме можност да инвестираме во спортови, освен она што беше договорено за Формула 1 и Интер. Претседателот на Интер, Стивен Џанг ќе мора да вложи напор сам. Можеме да помогнеме, но да не направиме нешто значајно“,вели извршниот директор на Пирели, Марко Провера.