Дома Фудбал Пике: Секогаш велев дека благодарение на Меси освојуваме титули

Пике: Секогаш велев дека благодарение на Меси освојуваме титули

Жерер Пике со посебен пиетет зборуваше за поранешниот соиграч Лионел Меси, кој на разочарување на сите во Барселона се пресели во ПСЖ мината година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пике смета дека Аргентинецот е најдобар фудбалер во историјата на Барселона.

„Меси беше најдобар фудбалер на Барселона. Секогаш велев дека благодарение на Меси освојуваме титули, но имавме и добар тим. Поединец не може да освојува титули“, изјави Пике.

Пике иако беше многу разочаран, сепак го разбира Меси зошто ја напуштил Барса минатото лето.

„Можам да разберам зошто Меси не го продолжи договорот. Клубот западна во финансиски проблеми поради лошото работење на бившиот претседател. Тоа се работи кои се случуваат во животот. Некогаш носиш одлука и работите не се одвиваат како што мислиш“, изјави Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бизарна трагедија го погоди светот: Фудбалер почина за време на натпревар, а потоа се прошири вест дека неговото срце повторно чука во мртовечницата

Трагичниот замин на 27-годишниот фудбалер Шинеду Озора ја зави Нигерија во тага, а целата …