Дома Фудбал Петмина веќе го напуштија „Олд Трафорд“, уште седум играчи на излезна врата

Петмина веќе го напуштија „Олд Трафорд“, уште седум играчи на излезна врата

Манчестер Јунајтед продолжува да бара начин да се раздели со неколку фудбалери кои не влегуваат во плановите на новиот менаџер Тен Хаг.

„Црвените ѓаволи“ веќе се разделија со пет фудбалери на кои им истече договорот, Погба, Кавани, Мата, Матиќ и Лингард.

Веќе е јасно дека нови клубови бараат Антони Марсијал и Ерик Баи, за кои клубот се надева дека ќе добие 30 милиони фунти.

Освен тоа Тен Хаг му порачал на раководството да се ослободи од Фил Џонс, Туанзебе, Брендон Вилијамс и Арон ван Бисака.

Резервниот голман Дин Хендерсон исто така не влегива во плановите на Тен Хаг и за него постои интерес од Нотингем Форест, каде може да биде испратен на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барбарез повика 17-годишен голгетер: Во Декет го гледаат наследникот на Џеко

Матеј Декет првпат доби место во сениорската репрезентација на БиХ, откако со головите за …