Дома Фудбал Останато Петар Чех повторно ќе брани, но сега во друг спорт! (ФОТО)

Петар Чех повторно ќе брани, но сега во друг спорт! (ФОТО)

Mинатата сезона Петар Чех стави крај на кариерата како голман на Арсенал.

Чех најголемиот дел од кариерата го помина во Челзи, па откако се одлучи да стави крај се врати во тој клуб каде што ја извршуваше функцијата технички советник. Сега од Англија пристигнуваат нови информација – Чех се враќа на голот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нема да биде тоа во фудбалот, туку во хокејот. Чех ќе брани за тимот на Гилфорд Феникс до крајот на сезоната.

„Среќен сум што ќе можам да собирам искуство. Се надевам дека ќе му помогнам на овој млад тим да ги оствари целите. Јас ќе дадам се од себе да победиме на што повеќе натпревари. После 20 години поминати на фудбалскиот терен ова ќе биде едно убаво искуство. Како дете гледав и обожавав хокеј“, изјави Чех.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изгледаше дека се е завршено, а сега Рагник го шокираше Баерн

Иако се најавуваше дека преговорите одат во добра насока, сепак, Рафл Рагник нема да биде …