Дома Фудбал Чех се пожали дека не можел да ја слави европската титула на Челзи во соблекувалната, Дрогба му одговори (ФОТО)

Чех се пожали дека не можел да ја слави европската титула на Челзи во соблекувалната, Дрогба му одговори (ФОТО)

Вчера поминаа осум години од големата победа на Челзи во финалето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

Тогаш „сините“ предводени од Роберто Ди Матео ја изненадија Европа и се искачија на тронот. Дидиер Дрогба беше херој на Челзи, тој го постигна голот за изедначување во регуларниот дел. Голема улога одигра и Чех кој одбрани пенал во дополнителните 30 минути играч.

Челзи со цел да ги потсети навивачите на тој 19. мај објави фотографија од соблекувалната, а интересен коментар имаше Чех.

„За жал ова е првпат да ја гледам прославата во соблекувалната, затоа што не можев да бидам таму…Бев во собоата и чекав да ми се направи допинг тест“.

Набрзо му одговори Дрогба.

„Ти беше несреќен, но јас бев запален“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ асистираше, Пулишиќ погоди: Милан го освои Удине

Милан славеше со 2:0 кај Удинезе, а Пулишиќ по натпреварот зборуваше за соработката со Мод…