Украинскиот репрезентативец Зинченко заработи повреда на коленото поради што го пропушти вечерашниот дуел против Аталанта.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Украинецот ќе направи дополнителни прегледи во Манчестер за да се утврди тежината на повредата, но тој е само еден од низата дефанзивци на Сити кои се повредени.
Сепак, најголем проблем за Пеп Гвардиола е стоперската позицијата каде недостасуваат Отаменди, Стонс и Лапорте, додека Зинченко беше конкуренција на Менди на позицијата лев бек.
22-годишниот дефанзивец оваа сезона запиша девет настапи, а како што следува згуснатиот распоред, оваа вест ќе ги загрижи надлежните на Етихад.