Манчестер Сити претходните денови ги официјализираше трансферите на Торес и Аке, а управата на клубот нема намера да застане тука.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Гвардиола сака да донесе уште пет засилувања, а едно од нив би требало да биде дефанзивецот на Наполи, Кулибали.
Сити моментално се наоѓа во преговори со Наполи, а се претпоставува дека целата работа ќе биде завршена многу брзо.
Наводно Манчестер Сити ќе издвои 80 милиони евра за овој фудбалер, бидејќи Гвардиола смета дека тој ќе биде идеален за неговата екипа.
Освен тоа, тренерот Пеп Гвардиола веќе им соопштил на Стоунс и Отаменди дека не се во планот на клубот за следната сезона.