Дома Фудбал Пеп Гвардиола прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата

Пеп Гвардиола прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата

ПЕП ГВАРДИОЛА ја доби наградата за најдобар тренер во Премиер лигата, објавено е на официјалниот сајт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа е петта награда за најдобар тренер за Гвардиола, а доаѓа по неговата четврта последователна титула во Премиер лигата, што е и рекорд во Премиер лигата.

Шпанецот изјави дека и следната сезона ќе ја брани титулата најдобар тренер. Само Сер Алекс Фергусон има повеќе награди од Гвардиола – дури 11.

„Сакам да ја поделам оваа награда, најмногу со Микел Артета, кој заврши одлична работа со Арсенал до последниот натпревар. Тој навистина не натера да ги тестираме нашите граници. Секако, тука е и Клоп, со кој имав многу битки за паметење. Унаи Емери направи големи работи со Астон Вила. во својата прва сезона во Премиер лигата. Андони Ираола во првата сезона во Премиер лигата беше одличен во Бурнмаут. Беше чест да се натпреварувам со нив и да го освојам овој трофеј. Ќе ја браниме титулата следната година.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трагедија во Франција: Во големото славје загина тинејџерка, паднала од камион

Седумнаесетгодишна девојка го загуби животот во Оноа-Емери во северна Франција, откако пад…