Дома Фудбал Лига на шампиони Пенал мајстор: Голманот на Порто сезонава одбрани три пенали во ЛШ!

Пенал мајстор: Голманот на Порто сезонава одбрани три пенали во ЛШ!

Денес Порто со 4:0 славеше на гости кај Клуб Бриж во рамките од групата Б во Лигата на шампионите, меѓутоа она што се зборува после натпреварот е голманот Диого Коста.

Португалскиот голман успеа да му одбрани пенал на Ноа Ланг во 51. минута при резултат 0:1. Она што е посебно интересно во оваа ситуација е што за Коста ова беше трет одбранет пенал сезонава во групната фаза од Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претходно тој одбрани два пенали против Бер Леверкузен. Така тој стана првиот голман кој во една сезона одбрани три пенали во Лигата на шампионите уште од 2003/2004 наваму.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…