Дома Македонски спорт Мак фудбал Пелистер се засили со напаѓач од Победа!

Пелистер се засили со напаѓач од Победа!

Благоја Спиркоски кој важеше за еден од најдобрите фудбалери во редовите на Победа направи трансфер во Пелистер потврди денес битолскиот клуб.

Спиркоски ќе го засили нападот на „пелистерци“ во битката на овој клуб за враќање во прволигашката конкуренција.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Тој е второто засилување во Битола во овој преоден рок откако претходно потпиша 22-годишниот Марио Наумоски.

Во минатата сезона за Победа Спиркоски постигна 20 гола, а во минатото го носеше дресот на Силекс, Брегалница, Лабуништа…Дресот на македонската репрезентација го носеше во младинските категории до 17 и 18 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Гризман може да замина за ситница

Антоан Гризман во својот договор има клаузула според која летово може да го напушти Атлети…