Кошаркарите на Пелистер беа поразени од Широки Бријег (83:82) во Сараево во рамките на АБА 2 лигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На Пелистер не му беше доволна и предност од 11 поени да ја прекинат низата од два порази во регионалното натпреварување и на крајот го забележаа четвртиот пораз во досегашниот тек од сезоната.
Во составот на Пелистер прв стрелец со 27 поени беше Никола Малешевиќ додека во редовите на Широки Бријег најефикасен исто така со 27 беше Лука Божиќ.
Следната шанса да дојдат до позитивен резултат битолчани ќе ја имаат задутре, кога ќе ги одмерат силите со Борац Бања Лука