Дома Фудбал Останато Пеле: Нејмар направи одличен потег, сега е време да докаже дека е НАЈДОБАР!

Пеле: Нејмар направи одличен потег, сега е време да докаже дека е НАЈДОБАР!

Пеле за многумина важи за најдобар играч во фудбалската историја. Неговиот суд за било каква тематика и натаму поседува голема тежина и вредност.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во разговор за „Russia Today“, легендарниот напаѓач на Сантош и Њу Јорк Космос не успеа да го избегне веќе традиционалното прашање на денешницата: Лео Меси или Кристијано Роналдо?

„Ги преферирам обајцата. Ако морам да бирам, со оглед на тоа дека негуваат различен стил, би го одбрал Лео Меси“, истакна Пеле кој ја прослави „десетката“. Некогаш „осмицата“ беше магичен број кој се даваше исклучиво на вистинските магионичари. Со оглед на тоа дека „осмицата“ во Сантош тогаш беше зафатена, Пеле ја задолжи „десетката“ и ја прослави.

Кога го спомена инаку Лео Меси се потсети и на Нејмар.

„Добро е што Нејмар ја промени средината. Во ПСЖ може да оствари играчка афирмација. Во Барселона се се врти околу Меси, а Нејмар е сега во прилика да докаже она што сака – дека е најдобар фудбалер на светот“, истакна Пеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …