Дома Трансфер зона Педро го напушта Челзи: Градските ривали од Италија во борба за неговиот потпис

Педро го напушта Челзи: Градските ривали од Италија во борба за неговиот потпис

Англиските медиуми пренесуваат информација дека Педро Родригез на крајот од сезоната би можел да го напушти Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 31-годишен крилен фудбалер на „Стемфорд Бриџ“ пристигна уште во 2015. година, повеќе или помалку е стандарден во тимот на Маурицио Сари, меѓутоа англиските медиуми тврдат дека многу лесно на крајот од сезоната би можел да го напушти Челзи. Како што пренесуваат, за неговите услуги се интересираат клубови од Италија, особено градските ривали Милан и Интер, што можеби за Челзи е последна прилика да заработи нешто на транферот, бидејќи договорот на Педро со лондонскиот клуб важи до 2020. година.

Ова не е прв пат Педро да се поврзува со заминување во Италија, уште минатото лето беше на чекор од трансфер во Лацио, но тогаш наместо да си замине во Серија А одлучи да остане меѓу „Сините“. Оваа сезона Педро е во солидна форма, на 26 одиграни натпревари постигна осум гола, а забележа и една аситенција. Пред да пристигне во Челзи играше само за Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…