Дома Фудбал Репрезентации ПАТОТ ЗА МУНДИЈАЛОТ: Осум репрезентации веќе се на СП, уште десет на чекор до Русија

ПАТОТ ЗА МУНДИЈАЛОТ: Осум репрезентации веќе се на СП, уште десет на чекор до Русија

Завршен е нов круг од квалификациите за Светското првенство.

Во изминативе неколку дена се одиграа квалификациите за Светското првенство 2018. година, а по сите натпревари имаме неколку нови патници во Русија и уште неколку други репрезентации кои обезбедија најмалку дополнителни квалификации за СП.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во моментов имаме 8 сигурни патници во Русија, со домаќинот, тука се и Бразил, Белгија, Мексико и четири репрезентации од Азија: Иран, Јапонија, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.

Азиските квалификации се завршени, а јасно е кои репрезентации ќе се најдат во дополнителните, интерконтинентални квалификации. За тоа место се борат Сирија и Австралија, а победникот од нивниот меѓусебен дуел ќе игра против четвртопласираната репрезентација од квалификациите на Северна и Средна Америка (КОНКАКАФ).

Во интерконтиненталните квалификации, се наоѓа и Нов Зеланд, чекајќи ја петатапласирана репрезентација од Јужна Америка, а на таа позиција во моментов е Аргентина.

Кога станува збор за европските квалификации, освен Белгија, нема ниту една репрезентација која го обезбеди патот за Русија, но Швајцарија, Португалија, Германија и Шпанија во најмала рака обезбедија второ место и дополнителни квалификации. Под второто место не можат да бидат Северна Ирска и Србија, но се уште не обезбедија најмалку дополнителни квалификации.

Последната репрезентација која обезбеди барем дополнителни квалификации е Костарија, која не може да биде под четвртото место во КОНКАКАФ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…