Дома Фудбал Останато Паника во Мадрид: Се повреди големото засилување на „кралевите“

Паника во Мадрид: Се повреди големото засилување на „кралевите“

Ситуацијата со младиот бразилски репрезентативец, Ендрик предизвика вознемиреност во Мадрид.

Во вчерашниот натпревар од Копа Либертадорес помеѓу Палмеирас и Индепендиенте дела Вале, Ендрик беше заменет по еден час игра. Камерите нешто подоцна го забележаа и како е загрижен на клупата за резервни играчи.

За каква повреда се работи ќе се знае во текот на денешниот ден, а информациите за ситуацијата ги очекуваат и во Мадрид. Како што е познато тој потпиша договор со Реал Мадрид уште пред две години кога беше малолетен и во летото кое следи се очекува да се пресели во таборот на „кралевите“.

Неодамна дебитираше и за репрезентацијата на Бразил за која постигна гол против Англија на „Вембли“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѓокерес во одлична форма: Нов гол за Шведска во Лигата на нации

Виктор Ѓокерес продолжува со фантастичната форма во Лигата на нации, постигнувајќи гол за …