Дома Македонски спорт Пандев: Македонија нема што да изгуби против Италија

Пандев: Македонија нема што да изгуби против Италија

Македонската фудбалска икона Горан Пандев нема да биде дел од репрезентацијата на Македонија за полуфиналниот бараж за СП против Италија, меѓутоа и покрај тоа неговото мислење е важно за италијанската јавност.

Пандев кој се збогува со македонската репрезентација на Европското првенство изминатото лето очекувано ја смета Италија за фаворит, но потенцираше дека Македонија не смее да биде отпишана.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Италија фаворите, ќе играат на домашен и се актуелни европски шампиони. Но, Македонија верува во успех. Ние немаме што да загубиме, луѓето веруваат во момците, а тие ќе играат без притисок и ќе дадат се од себе. Италија е мојот втор дом, тука ми се родија децата, но Македонија ми е во срцето“, изјави Пандев.

Баражот помеѓу Италија и Македонија е закажан за 24. март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агентот на еден од најбараните напаѓачи пристигна на „Олд Трафорд“

На дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал на „Олд Трафорд“ вчера се појави агентот на Бе…