Дома Фудбал Репрезентации Пандев: Италија – Македонија е натпревар кој не го посакував во бараж за СП

Пандев: Италија – Македонија е натпревар кој не го посакував во бараж за СП

Горан Пандев очекувано е еден од најабараните фудбалери за интервју пред утрешниот натпревар помеѓу Италија и Македонија.

Пандев со исклучок на една сезона која ја помина во Галатасарај целата своја кариера ја помина во Италија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Дефинитивно ова е натпревар кој не го посакував во бараж за Светското првенство. Македонија за ме не е се, но и Италија исто така ми даде се. Тука се родени моите деца, да се игра против европскиот шампион секако не е идеално за нас. Но од друга страна целиот притисок е врз нив“, зборува Пандев за „Кориере дела Сера“.

Посочи Пандев дека Македонија има балкански менталит, а тоа значи дека може да ги победи најдобрите, но и да изгуби од најслабите.

„Мотивирани сме затоа што таков е балканскиот менталитет, сите сакаат да покажат што можат и да се докажат, така ја победивме Германија. Но, веднаш потоа може да загубиме и од Андора“, изјави Пандев.

Отсуството на Елмас ќе биде голем хендикеп.

„Тоа што нема да игра Елмас е голема предност за Италија, Елиф е наш клучен играч и сигурно можеше да им направи сериозни проблеми. Манчини си дозволи да не повика и еден Балотели, а тоа доволно зборовува каков квалитет поседуваат“, порача Пандев.

Натпреварот помеѓу Италија и Македонија се игра утре во терминот од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…