Дома Фудбал Пандев за баражот со Италија: Ќе биде тврд натпревар, се надевам на победа на Македонија

Пандев за баражот со Италија: Ќе биде тврд натпревар, се надевам на победа на Македонија

Рекордерот по бројот на настапи и голови во македонската репрезентација Горан Пандев им порача на Италијанците дека верува во победа на Македонија во баражот на 24. март во Палермо.

Пандев од репрезентацијата се повлече минатото лето по завршувањето на Европското првенство. Тоа што сега го нема во составот сигурно е олеснување за селекторот на Италијанците, Роберто Манчини.

Пандев беше гостин во емисија во која добиваше онлајн прашања, а еден италијански навивач му го постави прашањето кој ќе го победи во баражот.

„Се надевам Македонија, ќе навивам. Но, сепак знам дека ќе биде тврд и тежок натпревар во кој може се да се случи“, одговори Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда по 13 години на „Омладински“: ОФК Београд пет кола чека победа

Лидерот во српската Суперлига гостува кај ОФК Београд во недела од 16 часот, со директен п…