Дома Фудбал Италија Пандев го налути министерот за спорт на Италија затоа што ги гушкал соиграчите

Пандев го налути министерот за спорт на Италија затоа што ги гушкал соиграчите

Вчера македонскиот капитен Горан Пандев постигна гол и ја најави победата на Џенова против Милан на „Сан Сиро“.

Џенова го победи Милан со 2:1, а Пандев го постигна првиот гол. Поради епидемијата овој натпревар како и сите други во Серија А до 3. април се играше без публика. Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора испрати критики за Пандев затоа што ги гушкал соиграчите по погодокот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Спадафора кој бараше првенството да се прекине се налути затоа што соиграчите на Џенова се гушкале, тој смета дека во ваков момент се поставува лош пример.

„Фудбалот во оваа ситуација и понатаму е лош пример. Денешниот (вчерашниот) излив на емоции на Пандев и прегрнувањето на неговите соиграчи е најдобриот доказ“, изјави Спададора за „Раи“.

Во Италија освен што натпреварите се играат пред празни трибини фудбалерите имаат забрана и за вообичаеното ракување пред натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…