Дома Трансфер зона Падна договор: Милан го купи големиот француски талент

Падна договор: Милан го купи големиот француски талент

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан постигнал договор со Бордо за трансфер на Јасин Адли.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот играч за врска важи за еден од најголемите француски таленти и беше на мета на многу европски гиганти.

Милан успеа да ја победи конкуренцијата и за неговиот потпис ќе плати 10 милиони евра, а играчот денес ќе пристигне на прегледи во Милано.

Адли ќе стави потпис на 5-годишен договор, но оваа сезона ќе остане на позајмица во Бордо и следното лето ќе му се приклучи на Милан.

Адли е продукт на школата на ПСЖ, но во последните две години блесна во дресот на Бордо.

Тој е младински репрезентативец на Франција и може да игра на повеќе позиции во средниот ред, а се одликува со голема техника и преглед на играта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…