Дома Топ вести Падна договор: Гризман ја избра легендарната „седумка“!

Падна договор: Гризман ја избра легендарната „седумка“!

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман на крајот од сезоната ќе се пресели во тимот на Манчестер Јунајтед, сигурни се медиумите на Островот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Англискиот весник „Индепендент“ тврди дека Манчестер јунајтед веќе постигнал договор со Гризман кој сака преселба на „Олд Трафорд“.

Биле договорени личните услови, висината на неделната плата, а од клубот му го ветиле и бројот седум, кој има легендарен статус меѓу „црвените ѓаволи“.

Медиумите тврдат дека Гризман ќе потпише договор на пет години и ќе заработува 220.000 фунти неделно, колку и неговиот сонародник Пол Погба.

Доколку Манчестер Јунајтед не успее да се договори со Атлетико Мадрид, клубот ќе ја активира откупната клаузула на Гризман која изнесува 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…