Дома Топ вести Падна договор: Гризман во петок ќе биде претставен на „Камп Ноу“

Падна договор: Гризман во петок ќе биде претставен на „Камп Ноу“

Трансферот Антоан Гризман од Атлетико до Барселона, кој требаше да биде чиста формалност се претвори во вистинска војна помеѓу двата клуба.

Најпрво се чекаше 1 јули и клаузулата за откуп на Французинот да се намали од 200 до 120 милиони евра, но потоа се појавија проблеми помеѓу двата клуба.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Гризман наводно се заканил со штрајк и дека нема да се појави на првиот тренинг, бидејќи сака што побрзо да се пресели на „Камп Ноу“.

Последните информации од Шпанија говорат дека проблемите се надминати и трансферот ќе биде официјализиран во среда.

Официјалната презентација на Гризман на „Камп Ноу“ е закажана за петок, а Францизинот во забота ќе го има првиот тренинг со тимот.

Гризман ќе стави потпис на 5-годишен договор според кој ќе заработува 17 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дани Алвеш пред два месеци излезе од затвор, а сега отвори фирма

Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години затвор за с…