Дома Фудбал Падна важен потпис во Манчестер Јунајтед!

Падна важен потпис во Манчестер Јунајтед!

Репрезентативецот на Англијаи фудбалер на Манчестер Јунајтед, Лук Шо (27) го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“.

Новиот договор на Шо со англискиот гигант е со важност до 30. јуни 2027 година.

„Пред девет години дојдов во овој одличен клуб и воодушевен сум што ќе го продолжам својот престој. Неизмерно созреав од доаѓањето во Манчестер како личност и како играч. Знам што е потребно за успех тука“, изјави Шо за клупската страница.

Дресот на Јунајтед Шо го носи од 2014 година кога дојде од Саутемптон и досега одигра 249 натпревари во кои постигна четири гола и подели 28 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар во Гостивар брка бодовно израмнување и прекин на предноста на Шкендија

Саботното дерби ги носи лидерот и актуелниот првак во директна пресметка со три бода разли…