Јувентус денес и официјално го претстави новото засилување, а станува збор за 19-годишниот крилен напаѓач, Абдулај Дабо од Нант.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Францускиот талент пристигнува во Торино на позајмица до крајот на сезоната за која Јувентус ќе плати 1,5 милиони евра, а ќе има и опција да го откупи на лето.
Дабо првично ќе биде испратен да игра со младиот тим на Јувентус, каде ќе се обиде да се наметне и да добие повик за првиот тим.
Скаутите на Јувентус подолго време го следат талентот и се убедени дека ќе биде важен играч за иднината на клубот.
„Старата дама“ е активна кога се во прашање младите таленти, па претходно го договори трансферот на Николо Ровела од Џенова.