Дома Трансфер зона Официјално: Челзи после Сари го претстави и Жоржињо

Официјално: Челзи после Сари го претстави и Жоржињо

Англискиот премерлигаш Челзи само еден ден откако го назначи новиот тренер го претстави и првото големо засилување за следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за плејмејкерот на Наполи, Жоржињо кој доаѓа во пакет со тренерот Маурицио Сари за сума од 65 милиони евра.

Жоржињо беше на чекор од трансфер во Манчестер Сити, но на крај „сините“ успеаа да ја добијат битката, а клучна улога секако одигра Сари.

„Возбуден сум што дојдов и потпишав за клуб како Челзи. Ќе играм во силна лига, за тим кој е навикнат да победува“, изјави Жоржињо.

26-годишниот плејмејкер потпише 5-годишен договор со клубот од „Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…