Чедомир Јаневски е и официјално промовиран за нов тренер на Олимпијакос Никозија од Кипар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
За Јаневски ова ќе биде трет клуб од Кипар откако претходно работеше во Енозис Паралимини и Етникос Ахна. Со Олимпијакос Никозија Јаневски потпиша договор до крајот на сезоната.
Од Кипар поранешниот македонски селектор си замина летото кога ја прекина соработкатап оради пандемијата со коронавирусот.
Ќе потсетиме дека Јаневски беше тренер на Вардар кога црвено-црните во историската 2017 година играа групна фаза од Лигата на Европа. Во кариерата беше уште тренер-помошник во грчки Олимпијакос, тренер на Црвена Звезда, беглиски Бриж и Исмаили од Египет.