Дома Фудбал Официјално: Финалето од ЛШ ќе се игра во Порто пред навивачи

Официјално: Финалето од ЛШ ќе се игра во Порто пред навивачи

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денес и официјално потврди дека финалето во Лигата на шампиони ќе се игра во Порто на стадионот „Драгао“.

Финалето требаше да се игра на 29-ти мај во Истанбул, а УЕФА објасни дека се преместува во Порто поради потешкотиите англиските фанови да патуваат во Турција.

Се шпекулираше дека мечот може да се игра на „Вембли“ затоа што во прашање се две англиски екипи, меѓутоа британската Влада не можеше да даде гаранции за присуство на фанови.

Во Порто ќе има по 6.000 фанови на Манчестер Сити и Челзи, двата англиски клуба кои ќе се борат за трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шести гол во кариерата, а веќе ремек-дело: Фајад погоди со ножички за Хајдук!

Калил Фајад блесна со акробатски погодок и асистенција во ремито на Хајдук против Истра, п…