Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Третото засилување за Вардар е Португалец!

Официјално: Третото засилување за Вардар е Португалец!

За следната сезона нов играч во Вардар ќе биде и португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте кој потпиша договор со актуелниот македонски првак. Тој игра на позицијата лев бек а доаѓа од екипата на Монпелје од Франција.

Дуарте (197 см. 31 год.) е првиот Португалец што ќе настапува за Вардар. Со Монпелје играше сезонава во Лигата на шампионите и постигна 24 гола. Претходно има настапувано и за екипите на Порто (Португалија), Висла Плоцк (Полска) и Барселона (Шпанија).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Заедно со шпанскиот тим играше и на Ф4 турнирот во Келн во 2019 година кога Вардар ја освои втората и во финалето ја победи токму Барселона.

Покрај во напад Дуарте игра и во одбрана, со што ќе се засили и одбраната на „црвено-црните”. Дуарте има 91 настап за репрезентацијата на Португалија и постигнато 283 гола. Сезонава во францускиот шампионат постигна 34 погодоци, а лани постигна 50 гола. .

Дуарте играше и на ЕП 2022 година за Португалија и постигна осум гола. Португалците не ја минаа првата фаза откако од нив подобри беа Холандија и Исланд.

За новата сезона Вардар веќе ги потпиша средниот бек Божо Анѓелиќ од Црна Гора и десниот бек Нејц Цехте од Словенија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Заслужено: Ријека казнета поради навредите кон Ристовски!

Дисциплинската комисија на фудбалското првенство во Хрватска денеска ги соопшти казните за…