Уругвајската легенда Луис Суарез има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во бразилски Гремио.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Уругвајскиот напаѓач стави потпис на двегодишен договор со Гремио, откако претходно шест месеци играше за Национал.
Покрај понудата од бразилскиот клуб, тој имаше понуди и од МЛС и од Саудиска Арабија, но ги одби.
Суарез во минатото играше за Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид, каде остави длабока трага и освои многу трофеи.