Дома Трансфер зона Официјално: ПСЖ го потврди засилувањето од Порто

Официјално: ПСЖ го потврди засилувањето од Порто

ПСЖ е активен во последните моменти од преодниот рок.

Откако вчера вечер го потврдија трансферот на напаѓачот Моис Кин кој пристигна на позајмица, денес од Париз потврдија дека нивни нов играч е Данило Переира.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За едногодишна позајмица на Переира ПСЖ на Порто ќе му плати четири милиони евра со тоа што Французите имаат обврска да го откупат на крајот од сезоната за 16 милиони евра.

Данило Переира игра на позицијата последен играч за врска и во последно време беше еден од најважните играчи на Порто за кој настапуваше пет години.

Португалецот за својот национален тим одигра 39 натпревари и постигна два гола, стана шампион на Европа во 2016 и ја освои Лигата на Нации во 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…